ЕВН најави исклучување низ Скопје

 

Без снабдување со струја утре од 9 до 10 часот ќе бидат корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ“ подулица бр.2 во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Бањани, општина Чучер-Сандево.

В петок без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „Нов живот“, „Дринска“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари.

Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од главната улица кон село Љуботен, општина Бутел.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот

 
 
13.04.2016 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега