Метеоролозите најавуваат 30 степени низ Македонија

Вo среда попладне постепено ќе се наоблачува со облачност која ќе биде предзнак на малото „влошување“ на времето во четврток.

Четврток во поголем дел од денот ќе биде умерено облачен во западниот, и претежно облачен во источниот крај. Токму во источниот крај, како и во делови од централниот северен регион ќе има услови за повремен дожд претпладне и околу пладне.

Петок повторно ќе го „врати во игра“ ведрото време.

В среда се очекува пораст на максималната температура за околу 1°С во однос на вторник.

Слична температура се очекува и во четврток. Можно е, јужно од Демир Капија максималната температура де достигне до 30°С, што би била првата „триесетка“ годинава.

 

Петок носи мало освежување, односно пад на температурата за околу 4°С во однос на четврток.  

 
 
13.04.2016 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега