Новинар е првата жртва на протестите на хулиганите на Заев

 

Новинарот на телевизија Нова Ѓорѓе Камов, вечерва бил удрен со камен од демонстрантите кои протестираа пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов која се наоѓа на Рекорд.

Лицата кои протестираа, со јајца, камења и други тврди предмети ја демолираа народната канцеларија на Иванов. Еден од камењата на хулиганите завршил во рамото на новинарот на ТВ Нова, кој стоел пред полицијата заедно со останатите новинари.

По протестот пред канцеларијата на претседателот, демонстрантите се упатија кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а оттаму заминаа пред Владата каде им се придружи и лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со поголем дел од раководството на партијата. Воедно, Заев на денешната прес конференција најави излегување на улица и организирање на протести.

 

 

 
 
12.04.2016 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега