Неверојатен пекол точно напладне: Уживајте додека можете - следува невреме

Времетo во Македонија ќе биде сончево, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Поради сончевото време утре УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во четврток се очекува преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер претежно од југозападен правец. Утринските температури ќе бидат во покачување, а дневните кои исто така ќе се покачуваат ќе се движат од 23 до 29 степени. 

Во петок дневните температури ќе бележат благ пад и ќе се движат помеѓу 21 и 27 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6. 

Точно напладне е вистински пекол во Македонија.

 

 
 
12.04.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега