Кралот Алберт Втори: Единството во јазично поделената Белгија е клучот за висок животен стандард

Во својот проштален говор белгискиот Крал Алберт Втори пред утрешната абдикација од престолот повика на единство во неговата земја која што е јазично поделена. Тој истакна дека сплотеноста мора да биде зачувана и дека таа е клучна за високиот живеотен стандард во Белгија.

Во денешниот свој говор 79-годишниот монарх акцентот го стави врз компромисите кои ја зачуваа Белгија од потпаѓање под сепаратистичките сили и покрај засилената поделба меѓу шесте милиони Фламанци на северот од земјата, кои зборуваат холандски јазик, и 4,5 милиони Валонци на југот, кои го зборуваат францускиот јазик.

Во своето 20-годишното владеење со земјата, кралот упорно работеше на стеснување на оваа пропаст, забележаа американските медиуми.

најчитано сега