Само бомбашот се повредил во експлозијата на пекиншкиот аеродром

Единствено човекот кој што ја активирал бомбата на аеродромот во Пекинг е повреден во денешниот инцидент. Според државните кинески медиуми, бомбата била изработена во домашни услови, а човекот кој што ја активирал веднаш бил предрлен во најблиската болница. Ниту еден друг граѓанин не претрпел повреди, а по самата детонација полициските служби веднаш воспоставија ред. Ниту еден од летовите небил одложен. 

Канцеларијата за односи со јавност на аеродромот во Пекинг, на прашање на новинарите за експлозијата, одговори дека нема сознанија дека нешто такво се случило, а полицијата не сакаше да одговари на прашањето.

На кинескиот сервис СинаВеибо, сличен на Твитер, се наведува дека еден човек на Терминалот 3, на самиот излез од одделот за меѓународни летови,  активирал пакет со црн барут, што се користи во производството на петарди.

 

најчитано сега