И грчкиот министер Тоскас со реакција за вчерашните случувања во Идомени

Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас ја осуди, како што рече, „употребата на сила“ од страна на македонската полиција против мигрантите и бегалците кои вчера се обидоа да ја преминат границата меѓу двете земји.

Тоскас ги отфрли наводите дека македонската полиција дејствувала на грчката страна на границата, велејќи дека оградата е поставена два до три метри внатре во македонската страна од границата.

Тој, исто така одговори на, како што рече, „критиките од Министерството за надворешни работи на соседната земја дека грчката полиција не се обидела да ги запре мигрантите да се качуваат на граничната ограда“.

- Тоа ќе провоцираше уште поголема реакција, рече тој. 

 
 
11.04.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега