АРМ: Превртеното возило кај Католичка не е на Армијата на РМ
Возилото кое денеска учествувало во сообраќајна несреќа во близина на Католичката црква не е сопственост на АРМ, информираат од армијата
„Во врска со текстот ,,Тешка сообраќајка кај Католичка“,објавен во вашето електронско издание во кое се наведува дека возило на АРМ се превртело, Ве известуваме дека во текот на денешниот ден ниту едно моторно возило на АРМ нема направено сообраќаен прекршок или учествувало во сообраќајна незгода.
Моторните возила кои ги користи АРМ, без оглед на видот на моторното возило се препознатливи по регистрацијата на која јасно е назначено со знакот на АРМ и посебни регистарски броеви.“ - стои во демантот на АРМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа