Џенифер Лопез: Нападите во Бостон се одлична тема за филм
Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез изјави дека нападите кои се случија во Бостон се одлична тема за филм.
- Се работи за деликатна приказна поради многуте емоции кои се присутни. Тоа мора да биде направено на вистински начин. Се работи за трагичен и незамислив настан, а таа приказна има потенцијал да стане блескав филм, изјави Лопез.
Инаку, во терористичкиот напад во текот на Бостонскиот маратон загинаа три лица, а повредени се 180 луѓе.