Полицијата повторно во акција за убиството на Јелена - Едно лице на разговор, се трага по неговиот брат
Полициските инспектори кои се занимаваат со случајот за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ денеска по претрес на една куќа во Црнек, младо момче е однесено на испрашување.
Младото момче со иницијали И.Р. во станица бил преслушуван за убиството на пејачката.
Полицијата во моментов трага по неговиот брат поради информативен разговор, бидејќи двајцата имаат досие во полиција.
Пред да биде однесен во Полиција тие ја претресле неговата куќа која се наоѓа на двеста метри од пронајденото тело на Јелена.
Истовремено и од нивните соседи најмалку четворица се однесени на испрашување.
Според неофицијални информации, сопругот на пејачката Зоран Марјановиќ, се вратил еден час по исчезнувањето на Јелена, барајќи ги своите браќа за да ги праша дали ја виделе Јелена.
Под лупата на истрагата и безкуќниците и скитниците се под истрага во случај да виделе нешто во врска со традегијата.
За време на акцијата во белградската населба Борча се врши претрес на уште најмалку седум-осум куќи за да се дојде до некаков траг на убиецот на Јелена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа