Со асистенција на полицијата ноќеска во 3:30 исечени дрвјата пред хотелот Бристол во Скопје
Со асистенција на поголем број на полицајци во текот на ноќта беа исечени планираниот број на дрва во близината на „Бристол“ каде се планира изградба на зграда за „ЕЛЕМ“, јавува Телма Ваквиот развој на настаните следи откако вчера, група граѓани, поддржувачи на СДСМ и членови на невладините организации протестираа во паркот против сечењето на дрвара. Дел од граѓаните дури ги урнаа и таблите со кои беше ограден објектот. Новиот градоначлник на Центар, Андреј Жерновски, само што седна во градоначлничкаа фотеља го замрзна проектот Скопје 2014. Вчера доцна во ноќта, медиумите објавија информација дека се дислоцира градежната механизација, а рано утрово, дрвјата биле исечени.
На просторот пред хотелот Бристол треба да никне гаража и административна зграда на ЕЛЕМ. Станува збор за парцела од А категорија и за неа градежната дозвола ја издава Владата, а не општина Центар.