ЕВН најави исклучувања низ Скопје
Дел од корисниците од улиците „Брсјачка Буна“, „Моравска“ и „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари денеска од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија поради поставување нов приклучок.
Во периодот од 8:30 до 13 часот без струја ќе биде областа Ергеле во општина Гази Баба, од 9 до 10 часот селото Долна Арнакија, од 7 до 15 часот улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од селата Петровец, Огњанци и Таор, викенд населбата Јане Сандански, селото Орешани и викендиците, дел од селото Зелениково, објектите на Бујото, Маско и Млекара Христови во општина Зелениково.
Од 6:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат и асфалтната база на Качанички Пат и селата Никиштани, Орман, како и дел од селото Волково – улиците „56“, „101“ и „102“, од 9 до 10 часот корисниците од улиците „Софиска“ и „Његошева“, од 10 до 15 часот од улицата „Миле Поп Јорданов“, а од 14 до 15 часот од улицата „Струшка“ во општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа