ДЕТАЛИ: Еве зошто Шабан и Босанац се степале во „Ѕвездите на Гранд“
На денешното снимање на „Ѕвездите на Гранд“ дошло до физичка пресметка помеѓу Шабан Шаулиќ и Драган Стојковиќ Босанац, објави српски Блиц.
Пресметката се случила поради една кандидатка за која двајцата коментирале. Како што се случува во речиси секоја емисија, дале спротивни мислења и дошло прво до вербална, а потоа и до физичка пресметка. Во студиото владеел целосен хаос, публиката викала, а Марија Шерифовиќ скокнала да ги раздвои двајцата мажи кои се нафрлиле еден на друг.
Поради големата тензија во студиото и стресот, Вики Манојловиќ и Снежана Ѓуришиќ почнале да плачат. Веднаш стигнала единица на Итната помош од една белградска приватна клиника, која на Шабан му пружила прва помош.
Кога се било санирано и тензијата се смирила, снимањето продолжило.
Редакцијата на Блиц стапила во контакт со актерите на случката за да добијат коментар и додека Шабан веднаш се јавил и рекол „Што ви е гајле со кој сум се степал?!“ и потоа им спуштил слушалка, Босанац чим слушнал за што го бараат ја прекинал врската.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа