ОБДУКЦИЈАТА ПОКАЖА: Јелена умирала во големи маки - вистината пострашна од што се очекуваше

Пејачката Јелена Марјановиќ која беше брутално убиена, беше предадена на обдукција, а таа покажа како настапила смртта. Имено, 33-годишната пејачка на Гранд била претепана до смрт со дрвен предмет, најверојатно палка.

Обдукцијата покажа дека Јелена очајно се борела за својот живот во саботата навечер и му пружила отпор на напаѓачот. Таа била претепана со дрвена палка, а од ударите во главата, на неколку места и бил пукнат черепот, по што дошло до обилно внатрешно крварење. 

Како што дознава српскиот Ало, во истрагата се вклучени и полицијата и инспектори кои го проверуваат и нејзиниот Фејсбук и сите луѓе со кои таа се знаела и била во контакт.

- Јас знаев дека има и обожаватели, но дека има и заканувачки пораки. Не ги сфаќав сериозно, се смееше на нив, да знаев ќе ја заштитев, изјавил сопругот на Јелена, Зоран.

Јелена излезе во саботата со сопругот и ќерката, а потоа се одлучи да истрча еден круг, по шѓто го остави сопругот со детето за да си играат. Убиецот ја пресретнал, крвнички ја тепал, и ја усмртил, по што крвава ја фрлил во канал.

 

 

 
 
06.04.2016 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега