Проектот „Улични музичари и артисти“ со збогатена содржина
На денешната прес-конференција Вера Бошковска, директор на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“ ги изнесe деталите за проектот Улични музичари и артисти, којшто ќе се одржи на плоштадот Мајка Тереза, пред објектот на Македонска опера и балет.
– Проектот Улични музичари и артисти ќе се одржи по шести пат, во периодот од 1 мај до 30 октомври 2016, на централoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза, Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија, Плоштад Филип 2 и Гратски трговски центар, во организација на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“ Скопје, а поддржан од Град Скопје. Во него ќе учествуваат уличните музичари и артисти кои се пријавија на јавниот повик, а во него ќе се вклучат и националните установи на Р.Македонија, културните институции на Град Скопје, Музичката академија, како и средните и основните училишта од Скопје. Програмата е наменета за граѓаните, туристите, во претстојниот пролетно и летен период. Во рамките на проектот ќе се одржат 140 настани, истите во соработка со музички групи од сите генерации и различни контексти, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика, од хип хоп, дџ сесии на електронска амбиентална музика до современа алтернативна, поп и рок музика. Детската програма ќе се изведува како утринска сесија, додека во попладневните и во вечерни часови со соодветна часовна координација, во програмата влегуваат разни театарски и музички перформанси, изведувачи на класична музика, како и вечерни видео и филмски проекции. Граѓаните секојдневно ќе можат да присуствуваат на некој настан, а неделно ќе бидат информирани за програмските содржини- истакна директор на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска.
Улични музичари и артисти го будат духот на урбаното Скопје, а целта на овој проект е културно заживување на централното гратско подрачје преку урбаната култура. Генерирање на нова и стара публика преку квалитетена, инспиративена, свежа културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа