Поскапување во кафеаните низ Македонија

 

Цените на угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,1 процент,  а за 0,3 проценти во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување има во групите „храна“ за 0,1 процент, „алкохолни пијалаци“ за 0,1 процент и „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 процент.

Во периодот јануари-март споредено со истиот период минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 0,5 проценти, а во однос на декември лани останаа на исто ниво

 
 
05.04.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега