Ги подмирила сите долгови пред смртта - еве што и рекла Јелена на аптекарката
Еден ден пред да изчезне, пејачката Јелена Крсмановиќ ги подмирила сите долгови. Јелена отишла во аптека во близина на нејзината куќа во која живеела во Борчи и го платила долгот од 1.200 динари. Дали сето тоа може да се поврзе со подоцните случувања, никој не може да знае.
Според зборовите на аптекарката, Јелена дошла околу 19 часот, спортски облечена и со розева капа на главата.
- Таа и нејзиното семејство ни се редовни муштерии. Тој ден бараше некои медицински средстваз за својата мајка. И реков да земе цело пакување, бидејќи повеќе се исплати, а таа ми одговори дека не и треба, бидејќи и така нема да биде уште многу долго тука. Тоа ме зачуди, но не сакав да се мешам, вели вработената во аптеката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа