Идната сабота прскање против комарци во Охрид

 

Поради зачестените климатски промени и топлотните бранови што ја зафатија Република Македонија, Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство продолжува со прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција).

Во петок, на 26 јули почнувајки од 05 часот наутро ќе се третираат општините Ресен - 1000 хектари, Крушево 750 хектари, Чешиново-Облешево 900 хектари и Берово 850 хектари.

Во сабота, на 27 јули во истото време ќе се третираат општините Охрид - 1500 хектари и Дојран 1000 хектари.

Доколку временските услови не дозволуваат да се извршат третманите , ќе се одложат за наредниот ден.

Согласно договорот, предвидено е да се прска во Дојран, 1000 хектари по трипати, во Охрид - 1500 хектари на двапати, Ресен - 1000 хектари на двапати, Крушево - 750 хектари само еднаш, Берово 850 хектари исто така само еднаш и Чешиново-Облешево 900 хектари на двапати.

На утврдените шест локации, дезинсекцијата ќе се извршува на вкупна површина од 6.000 хектари за едно прскање, по воздушен и земјен пат

најчитано сега