27 години од катастрофата во Чернобил

Ноќта помеѓу 25 и 26 април 1986 година, во 1 часот и 23 минути по полноќ, во атомската електрана на северот на Украина се случи најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото.

Пред точно 27 години во Украина дојде до најголемата несреќа при тестирање на реактор кој служел за да се зголеми безбедноста во електраната, но за жал се тргнало наоопаку.

Реакторот експлодирал кога дошло до зголемување на енергијата во него, со што дошло до испуштање огромна количина радиоактивни горива и материјали во атмосферата.

На денешен ден се случи Чернобил. На денешен ден занеме светот.

најчитано сега