Температурите паѓаат, следува и дожд - што ќе се случува?
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од. 21 до 26 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува 7, максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ. Ќе преовладува претежно стабилно и топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе има услови за локален дожд, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа