ШОК: "Малечката невеста" била брутално мачена со струјни удари
Индија е шокирана откако актерката Патриша Банерџи, била изложена на електро шокови за време на реално шоу во Индија.
Актерката, која кај нас е позната по толкувањето на главната улога во индиската серија „Малечката невеста" е учесник во Биг бос шоуто, а контроверзната епизода предизвикала бурни реакции во земјата.
Актерката била мачена со електрошокови пред очите на јавноста, откако била натерана од продуцентите да ја прифати „терапијата" за да биде излекувана од настинка.
Девојката издржала 35 од предвидените 50 електрошокови, по што со солзи го напуштила местото.
По првичниот шок и реакции на гледачите, властите најавиле истрага за тортурата, а организаторите на шоуто се правдале дека струјните удари биле слаби, а актерката глумела дека чувствува болка за да привлече гласовите од гледачите.
03.04.2016 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа