Груевски: Извештајот на Стандарт и пурс потврда дека добрите економски политики ја победуваат политичката криза
Извештајот на Стандард и пурс е еден многу добар извештај, во сложени политички услови на политичка криза и се чини дека за сега одличните економски политики ја победуваат политичката криза, иако таа сепак има мало влијание .Доколку не би била политчката криза, Македонија би имала уште подобар економски развој, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Стандард и пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија ББ со стабилна перспектива на државата. Во извештајот се земени најзначајните економски параметри и истиот претставува најдобар демант на критиките од опозицијата кои обвинуваат за водење на погрешна политика.
Најновиот извештај прво укажа дека растот на економијата минатата година беше повеќе од проектираното, она што беше проектирано од сите меѓународни релевантни институции вклучувајќи ја и Владата. Укажува на тоа дека растот се должи главно на две работи: ТИРЗ, што всушност значи на привлекувањето на странски инвестиции кои пак имаат позитивно влијание и на домашните инвеститори бидејќи тие стануваат нивни соработници, добавувачи, партнери и вториот значаен столб е што оценуваат дека јавните инвестиции во патишта, енергетски проекти, железници, болници, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Она што е многу важно, подвлече тој е што покажуваат дека буџетскиот дефицит е оддржлив, што значи дека Македонија има стабилност во однос на задолжувањето.
-Забележливо е дека предвидуваат дека во иднина се повеќе економскиот раст ќе се потпира на соработката на домашните со странските инвестиции. Имено се поголемото присуство на странските инвестиции ќе стане така силна поткрепа за домашните компании и инвестиции што ќе стане една од главните движечки сили на економијата, поддршката на странските кон домашните инвестиции, односно нивата соработка и партнерство, додава Груевски.
За многумина е изнадувачки, додава тој за тоа како се успева и покрај таквите политички удари кои што без зададени во минатата година ипол, економијата успеа не само да се одржи туку и да расте повеќе од проектираното и предвиденото.
-Стандард и пурс забележува дека земјата има изградено одлични услови за водење на бизнис и дека тоа е една од серозните предности на државата и дека генерално се водат добри економски политики, заклучи Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа