19-годишно момче со калашников усмрти три лица во Франција
Вооружен маж со автоматска пушка „Калашников“ уби тројца случајни минувачи во градот Истр, во близина на Марсеј во Франција.
Најверојатно се работи за 19-годишен Французин кој без никаква причина отворил оган врз автомобил и пешаци во станбена зона во градот Истр.
Жртвите се тројца мажи на возраст од 60, 45 и 35 години, а лесно била повредена и една 55-годишна жена.
Полицијата го уапсила напаѓачот, кој изјавил дека дејствувал во името на терористичката организација Ал Каеда, објави францускиот весник „Фигаро“.