Пожарникарите со часови го гаснеле пожарот - се запали шума во Слупчане
Околу четири хектари борова шума изгореа во пожар кој избувнал вчера околку 18 часот и 30 минути над липковското село Слупчане. Како што соопшти денеска РЦУК, поради непристапниот терен екипите на пожарникарите од Куманово не можеле да интеревенираат.
- Пожарот целосно е изгаснат околу 22 часот од страна на петмина вработени од „Македонски шуми“, изјави денеска, директорот на кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“, Ваит Саити. Тој нагласи дека и лани над Слупчане гореше борова шума, но на спротивна локација од сегашната.
Причината за настанување на пожарот и предизвиканата материјална штета засега не се познати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа