ФОТО: Од денес новиот воз ќе сообраќа на редовната линија Скопје-Битола

 

Подигнувањето на квалитетот на услугите во патничкиот железнички сообраќај полека но сигурно станува реалност.

-Како што ветивме пред граѓаните од денес уште еден стар воз се заменува со нов и тоа трет по ред, пишува министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на својот Фјсбук профил.

Новиот воз ќе сообраќа на релација Скопје – Битола на местото на веќе истрошените стари превозни средства.

nov voz-bitola1

 

Во наредниот период граѓаните ќе можат да уживаат во благодетите на уште еден таков воз четврт по ред кој веќе пристигна во Репулика Македонија, а останатите два се очекуваат до крајот на месец мај со што 60% од возниот парк на Македонски Железници Транспорт АД ќе биде обновен.

Со оваа инвестиција од 25 милиони евра целосно се променува сликата на патничкиот железнички превоз, која сега може да се каже дека е на ниво на најразвиените евопски земји.

nov voz-bitola

 
 
01.04.2016 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега