36 лица загинаа во психијатриска болница во Москва
Триесет и шест лица загинаа во пожар кој избувна во психијатриска болница во Подмосковјето.
- Досега имаме информација дека загинале 36 лица, изјави претставник на полицијата.
Пронајдени се телата на 12 од загинатите, а постои опасност бројот на жртвите да се зголеми.