ДИК попладнево ќе одржи јавна седница
Државната изборна комисија-ДИК за 17 часот закажа јавна седница на која ќе расправа за Постапување по привремените решенија на Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Точки на дневниот ред на седницата кои ги најави ДИК се: Разгледување на содржината на Избирачкиот список, со состојба од 1 февруари 2016; Разгледување на барањето за овластување за набљудување на теренските проверки од ИФЕС; Извештај за прогресот во спроведувањето на теренските проверки на Избирачкиот список и Извештај за заклучоци од работниот состанок одржан на 30 март 2016.
Седницата ќе се одржи во салата за седници во седиштето на Државната изборна комисија и е отворена за јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа