„Стоевме на семафор додека таа умираше“ - 3 годишно дете го загуби својот живот на пат накај болница
Веднаш ми беше јасно дека на девојчето и нема спас, но јас направив се да ја спасам. Се што можев како доктор да и пружам во тие неколку минути го направив. Родителите беа прибрани и соработуваа.
Плачев заедно со мајката која ја познавам од порано бидејќе сме од исто село.
Оваа потресна приказна ја раскажа Лидија Стоилковиќ од Брзата Помош на Ниш која пред два дена се обиде да ја спаси малата Јулија Сертиќ, која почина од засега неразјаснети околности.
- Стоевме на семафор додека умираше
Докторката ража дека ова е прв случај на ваква смрт во нејзината кариера, девојче да умре на пат до Болница.
- Тоа е далечина од 500 метри, во кои ние моравме да поминеме два семафори. На девојчето срцевите отчукувања и се изгубија додека чекавме на семафор. Моравме да застанеме поради црвеното светло, бидејќи полицијата нема разбирање, па не казнува и нас. А баш тука беа и камерите. Барав од возачот да помине низ црвено светло но не смееше. Ќе останел без дозвола. Во прашање беа само две минути, но понекогаш и толку не делат од смртта.
Роднините на несреќното девојче сеуште неможат да се помират со трдегијата.
- Нашиот ангел требаше за еден месец да наполни 4 години. Не ни бее јасно што се случува. Неколку денови имаше температура, но докторите препорачуваа да ја соблекуваме. Таа среда стана околу шест часот и бараше да гледа цртани.
По кратко време и се слошило и родителите повикале Брза Помош која им советувала да одат на педијатар. Во болницата пристигнале околу 9 часот, но за само половина час останале без Јулија
Одоговорот ќе го даде обдукцијата
Според информациите од Домот за здравје родителите го донеле детето во лоша состојба, по прегледот лекарите констатирале дека устата на детето била помодрена, кожата на телото сменила боја, и коленото било потечено.
Со доажањето на Брзата помош битката за нејзиниот живот била продолжена, но за жал таа починала на рацете на нејзиниот татко Иван и мајката Маја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа