Осуммина Македонци се тешко повредени- еден е во животна опасност по несреќата кај Будимпешта

 

Осуммина се тешко повредени а едно лице е во животна опасност откако автобус полн со македонски државјани излета од патот кај градот Гор на околу 50тина километри пред Будимпешта, дознава Пресс24. Министерството за надворешни работи и МВР се веќе известени за настанот во кој се повредени вкупно 28 патници, претежно македонски државјани.

Автобусот сообраќал на релација Скопје- Прага.

Според извори на Пресс24, информацијата утрово во МВР ја пријавил унгарскиот амбасадор во земјава.

најчитано сега