Најмногу теренски проверки во Чаир - најголем дел од „спорните“ глачаси се Албанци
Анкетарите на ДИК најмногу работа ќе имаат во скопски Чаир. Таму над 17.000 граѓани ќе подлежат на теренска проверка, покажува списокот кој Државната изборна комисија го објави денеска. Најголем дел од луѓето кои ќе треба теренски да се проверат се етнички Албанци, но има и Македонци со неконзистентни записи.
Од првичниот увид во списокот, секој во своето населено место може да забележи дека луѓето кои се водат како „неконзистентни записи“ навистина постојат. Во зградите во скопските општини, луѓето кои ќе подлежат на теренска проверка во најголем дел ги имаат продадено своите станови и се преселиле на нова адреса, но најверојатно се уште не ги промениле личните документи. Во најголем дел станува збор за цели семејства кои се иселиле, а на нивно место се вселиле нови фамилии, кои си извадиле важечки документи на новата адреса.
Така, прегледот покажува дека во тој стан живеат две семејства, па тоа го вклучува алармот во ДИК.
Прегледот по општини изгледа вака.
Чаир - 17.041
Куманово -11.676
Карпош - 6.864
Центар - 6.722
Тетово - 6.293
Гази Баба - 5.720
Гостивар - 4.383
Битола - 3.849
Кисела Вода - 2.219
Велес - 2.139
Штип - 2.137
Прилеп - 2.113
Струга - 1.925
Охрид и Дебрца - 1.853
Струмица - 1.397
Кичево - 1.359
Гевгелија - 1.263
Пробиштип - 1.180
Кочани - 1.158
Кавадарци и Росоман - 1.157
Ресен - 890
Дебар и Центар Жупа - 832
Радовиш - 557
Крива Паланка - 512
Делчево - 421
Виница - 341
Свети Николе - 249
Неготино и Демир Капија - 222
Крушево - 183
Демир Хисар - 169
Валандово - 164
Кратово - 140
Берово - 118
Македонски Брод - 101
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа