Куршум во грб - едно лице тешко рането

 

Војин Ступар е тешко ранет во пукање кое се случило во неделата навечер во Котор 

Ступар е ранет по кратка расправија, а напаѓачот му пукал во грбот. Полицијата ведаш излегла на лице место и извршила увид, повредениот е во тешка состојба и е веднаш пренесен во болница.

На инспекторите во Котор им е познато лицето кое го пукало Ступар и распишана е потерница за него. Веднаш по пукањето полицијата го блокирала целиот град и го претресувале секој учесник во сообраќајот како и сомнителните пешаци. Сеуште не е познато дали напаѓачот имал соучесници.

Ранетиот Ступар е зет на Игор Божовиќ од Котор кој пред три години е осуден поради меѓународен шверц на кокаин. Ступар потекнува од Србија, а во Котор живее веќе подолг период. На полицијата и е познат како лице блиско до шкаљарски клан. Наводно, некое време го чувал нивниот водач Јовица Вукотиќ.

 

 
 
29.03.2016 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега