Ново поскапување на горивата во Македонија

 

Бенчмарковите сорти нафта поевтинија во почетокот на втората трговска сесија за оваа недела. Цената на Брент падна за 0,74% до 39,97 долари за барел, а американската лесна нафта – со 0,66% до 39,13 долари за барел.

Инвеститорите на меѓународните пазари беа загрижени за зголемувањето на вредноста на суровината во последните недели. Голем број аналитичари се сомневаат дека цената ќе продолжи да расте уште до крајот на годината.

Но овие цени за Македонија не значат и поевтинување на нафтените деривати во малопродажбата. Минатиот понеделник регулаторот ја формираше малопродажната цена врз основа на просечната цена на суровата нафта во првите две недели од месецов. Според таа пресметка, барел сурова нафта во првите две недели од март чинел нешто над 34 долари.
Тоа значи дека во понеделник, повторно не чека нов скок на цените кои ако се има предвид темпото на зголемување би требало да се движи меѓу 2 и 3 денари по литар.

 

 

 
 
29.03.2016 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега