Исповед на жена од Србија која била во канџите на џихадистите и преживеала пекол во Исламската држава

 

Макфирета Шаќири, една од жените од Србија која се вратила од Сирија, открила како изгледа животот во Исламската држава.

Сопругот ми објасни неколку работи во врска со Исламот и одлучив да се придружам. На почетокот, се беше во ред. Меѓутоа кога заминавме од Сирија, се се промени, раскажува Макфирета.

Водејќи дете со себе, таа премината од Турција во Сирија и таму поминала 3 месеци во Раки, која се смета за престол на Исламската држава. Таа таму била сместена во стан за жени и деца.

- Тука имаше жени од Франција, Германија, и Швајцарија... Исто така тука беа и жени од Загреб, Белград, но највеќе од Босна, вели таа.

-Едвај разбирав што се случува околу мене. Бев сама и преплашена цело време. Се плашев за себе но највеќе за своите деца.

Нејзиниот брат е убиен во војната во Сирија. Таа во фебруари 2014 со сопругот и своето дете се вратила во Србија.

Како таа кажува, на нејзиниот сопруг му било наредено така да направи.

По враќањето во Србија, Специјалното обвинителство го обвинило нејзиниот сопруг Ферат Касумовиќ (32), за врбување на српски државјанин за џихад во Сирија, кој таму загинал.

 

 
 
29.03.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега