Уште еден терористички напад, има повредени

 

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени изутрината кога бомбаш самоубиец активираше појас со експлозив во центарот на Багдад, соопштија медицинските власти.

Цел на бомбашот биле работниците собрани на плоштадот Тајаран, а засега ниту една терористичка група не ја презела одговорноста за нападот, пишува МИА.

Самоубиствените напади често ги извршува групацијата Исламска држава, која од 2014 година освои поголем дел од Ирак и оттогаш беше принудена да се повлече од многу подрачја.

 
 
29.03.2016 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега