Македонски студенти по четврти пат ќе работат на предизвици поставени од НАСА

 

Студенти од Македонија по четврти пат ќе бидат дел од глобалниот натпревар на НАСА и ќе имаат можност да понудат решенија за некои од глобалните проблеми со кои се соочува Земјата и Вселената.

Натпреварот во Македонија ќе се одржи од 22 до 24 април во организација на македонско-американската компанија „Њуменс бизнис акцелератор“.

Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутиката, планетата Земја, вселенските станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија.

Пријавувањето на тимовите кои сакаат да учествуваат ќе трае до 17 април.

- Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комлексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти, вели Анита Кирковска, главен организатор на настанот во Македонија.

Годинава, „Њуменс бизнис акцелератор“ е организатор на натпреварот и во Силиконската долина, а се вклучува и како ко-организатор во Сан Франциско и Лос Анџелес, со што на учесниците од Македонија им се дава можност да соработуваат и да креираат тимови заедно со учесниците од овие три локации. 

 

Во 2014 година, Скопје имаше најголем број на прифатени проекти од НАСА во светот, а во 2015 година беше координатор на настанот во 10 европски градови меѓу кои спаѓаше и Приштина, од каде што тимот „Натев експлорер“ ја освои глобалната награда „Избор на публиката“ и заедно со нив тимот од Скопје присуствуваше на лансирање ракета во вселенскиот центар Кенеди во Флорида. 

 
 
29.03.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега