Продолженија на две собраниски седници
Собранието на Република Македонија денеска треба да продолжи две седници и тоа 97. и 99. седница.
Во рамки на 99. седница се очекува пратениците да ја започнат расправата за Извештаот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за период од 15.09.2015 до 15.03.2016). Извештајот на специјалната обвинителка е последна точка на дневниот ред на оваа седница.
Пратениците на оваа седница треба да се изјаснат за измените на Законот за заштита на природата, на Законот за управување со отпадот, на Законот за сигурност во железничкиот систем, сите по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за градење, по скратена постапка, поднесен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и измените и дополнувањата на Законот за кривичната постапка, по скратена постапка.
На оваа седница и претходи продолжението на 97. седница на која пратениците треба да расправаат за Предлог - законот за изменување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа