Трипуноски: Директни средби со земјоделците за подобро производство

 

Само преку директни средби може да се слушнат вистинските проблеми на земјоделците и да се изнајдат начини за подобрување на производството, рече директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуноски по денешната посета на Општина Ново Село.

zemjodelci

Трипуноски се сретна со земјоделците на неколку локации, во општината, во училиштата во Смоларе и Колешино, во Домот на културата во Мокриево, како и во месната заедница во Зубово, пренесува МИА.

– Токму на ваквите средби некогаш излегуваат и соодветни решенија. Таков беше примерот со скратувањето на рокот за исплата од откупот на винското грозје и останатите градинарски производи, објасни Трипуноски.

Пред почетокот на откупната сезона на градинарските производи, Трипуноски рече дека будно се следи откупот на пролетната зелка, со цел да бидат испочитувани сите мерки и законски одредби за заштита на земјоделците и нивното производство.

Денешната посета е во рамки на акцијата на директорот на Инспекторатот за посета на земјоделци во општините низ Македонија.

 
 
28.03.2016 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега