Маринко Маџгаљ го видов 4 дена пред да замине, и тој тогаш ми...
-Маки во суштина беше многу затворен човек. Мислам дека поради тоа имаше способност да ги осеќа емоциите на другите луѓе и мислам дека затоа сите го обожуваа. Беше човек кој околу него силно трепереше позитивна енергија, и затоа луѓето ги привлекуваше со таа топлина.
Тамара не можела да ги запре солзите пред камерите, а својот пријател последен пат го видела пред само 4 дена.
- Јас го видов пред четири дена. Мене тогаш ми делуваше најубаво на свет, едноставно така...
- За тоа каков човек беше говори моментот кога сите дознале за неговата здраствена состојба, тогаш почнаа да пристигнуваат пораки од сите страни од луѓе кои сакаа да му помогнат. Тие пораки редовно му ги пренесував а тој на тоа одоговараше со зборовите дека тој го чуствува тоа.
- Можам да кажам дека тој е единствениот човек од кого немам слушнато ни еден лош збор. Тој на сите луѓе им ја олеснуваше ситуацијата, и секогаш беше тука во тешките моменти, така да сигурно би сакал и нам да ни го олесни ова чуство и стегање во градите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа