Трагедија во Тетово: Си го нашол детето мртво во тоалет
Во 22 часот и 40 минути од Клиниката во Тетово било пријавено дека во селото Вратница било пронајдено починато 12-годишно девојче. Таткото на починатата, откако пристигнал во семејната куќа, насилно ја отворил вратата од купатилото бидејќи немало одговор и ја забележал сега починатата легната на подот без знаци на живот. Смрт е констатирана од доктор по судска медицина. Од извршен надворешен преглед над телото на починатата констатирана е една повреда во вид на оток во задниот дел од главата.
Телото ќе биде предаденои на обдукција.
28.03.2016 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа