Влегла во возилото кое висело над провалија за да им помогне на повредените - тимот од Итната помош горди на својата колешка

 

Во Здравствениот дом во Вишеград имаат многу причини да бидат горди на своите вработени, не само поради преданите професии туку и поради храброста. Таква е и медицинската сестра Лепа Гогиќ.

А дека пофалбите не се без докази покажува и дописот кој на адресата на оваа здравствена установа стигнал од тамошната полиција. Полицајците и се заплагодариле на „ необичната и професионалната помош која медицинската екипа ја пруижаат на повредените во сообраќајните несреќи“, а посебна благодарност била упатена до медицинската сестра Лепа гогиќ која како што се наведува во повеќе наврати го ризикувала својот живот за да ги спаси животите на повредените.

 И навистина било така. 

На магистралниот пат  Ustiprača - Višegrad недоамна се случила сообраќајна несреќа која благодарение на оваа храбра жена спасила два млади животи. 

Автомобилот се движел со некотролирана брзина и удрил во заштитната ограда  која минала меѓу возачот и сувозачот и возилото висело над провалија. 

сестрата Лепа откако пристигнала на местот на несреќата, веднаш отишла на помош без да размлиси дека и нејзиниот живот го става на коцка. 

- На местото на случувањето била пожарната екипа, додека го сечеа автомобилот влегов внатре и на едното момче веднаш му укажав помош, му ги имобилизирав нозете кои му беа приклештени и премногу крвареше,рекла лепа. 

Таа додава дека откако пожарникарите го исекле автомобилот преминала од другата страна и му помогнала и на другото момќе кое исто така се наоѓало внатре, а потоа на носилки го извлекле од автомобилот. 

Ова не е прв пат Лепа на дело да ја покаже својата храбтрост во овие тешки моменти.

 

 
 
26.03.2016 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега