Сопственикот на Пинк: Би го дал и животот за да ја спречам трагедијата во која згасна млад живот

Александар Митровиќ, синот на сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, прегазил 17-годишна девојка и избегал, јавија српските медиуми.

- Мојот син синоќа усмрти девојка и побегна - изјавил Жељко Митровиќ во полиција во 2 часот утрово.

Српските медиуми јавуваат дека несреќата се случила околу 23.30 на ул. Востаничка. Александар со голема брзина возел теренско возило на ТВ Пинк и ја згазил девојката, а потоа стиснал на гас и избегал.

Блиц пишува дека момчето положило возачки лани. За убиството на младата девојка му се заканува затвор од 2 до 12 години.

- Би го дал животот да можам да го вратам времето и да ја спречам трагедијата која однесе еден млад живот - изјави Жељко Митровиќ за Телеграф.

најчитано сега