ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата да продолжи со работа

Комисијата во досегашната работа оствари одличен напредок. Повеќе од 90% од материјата која што беше работена е усогласена и би можел да кажам дека е усогласена едногласно, на заедничка радоста, се надевам на сите.

            Има многу добар извештај кој што комисијата го има подготвено, во кој што има два сегменти. Во првиот сегмент е поглед на фактичките случувања во Собранието, вториот сегмент се 11 препораки, односно 11 наслови на препораки, а повеќе препораки кои што генерално се однесуваат на реформа во законодавната постапка, ефикасност во раководењето со работните тела, реформа на постапката за носење на Буџет, собраниското обезбедување, кривичната одговорност на избрани и именувани лица во случај кога ги прекршуваат законите односно дополнителна квалификација на нивната кривична одговорност и ред други, не би навлегувал во детали.

            Ние жалиме за сегашната состојба околу најавената оставка на претседателот на Комисијата, но би сакал да ве информирам дека во текот на вчерашниот ден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски имаше телефонски разговор со претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Договорено е лица за контакт да бидат, од страна на СДСМ професорот Фрчковски и од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ја обавувам јас таа функција.

            Беше понудено во тој телефонски разговор уште сношти односно денеска да продолжи со работа комисијата безразлика на новонастанатата ситуација таа има кворум има политички легитимитет да ја заврши својата работа што ние посебно би го ценеле заради тоа што мислиме дека тоа е приоритет и за политичките партии и за Република Македонија.

            Од страна на СДСМ во овој момент бар до понеделник ни беше кажано да почекаме. Се надеваме во понеделник или во тие неколку денови потоа ќе може Комисијата да работи.

            Околу несогласностите коишто очигледно се најактуелни би сакал да потенцирам дека останаа неразјаснети неколку прашања.

            Прво е околу кривичната одговорност на избрани и именувани лица или на поранешни функционери за настаните внатре во Собранието и надвор од Собранието заради тоа што за некои од дејствијата очигледно имаше прекршувања на кривичниот законик. Исто така проблематично беше спречувањето на нормалната работа на Собранието со реални и видливи дејствија со намера да се  оневозможи Собранието да работи и на некој начин завзамање на самото Собрание и на пултот на Претседателот итн. и оние две работи кои Ви ги соопштиле од СДСМ во врска со уставните квалификации и за тие две дејства.

 

            Ние остануваме посветени на работата и секоја иницијатива која што ќе дојде ќе ја прифатиме и еве ви кажав дека сме иницирале во текот на вчерашниот ден во разговорот телефонски помеѓу Груевски и Заев за комисијата веднаш практично да продолжи со работа. Се надеваме дека овој апел и оваа иницијатива од наша страна ќе биде прифатена и од страна на СДСМ.

најчитано сега