Жална вест: Почина еден од најголмите фудбалери на сите времиња
Холанската фудбалска легенда Јохан Кројф почина од рак на 68 години, објави неговата официјална веб страна. Кројф, кој се прослави како напаѓач на Ајакс и Барселона, ја освои Златната топка три пати. Освои три последователни Европски купови со Ајакс и ја предводеше Барселона до нивниот прв Европски куп во 1992. Кројф и помогна на својата земја да стигне до финалето на Светското првенство во 1974, каде загубија од Западна Германија. Во февруари, Кројф рече дека се чувствува како да води 2:0 против ракот на бели дробови и дека е сигурен дека ќе победи. Нашироко сметан како еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кројф ја предводеше Барселона до четири последователни шампионски титули во Ла лига од 1990-91 до 1993-94
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа