Основен Суд1: Катица Јанева како во Холивуд - нардеба за претрес не е издадена
Основен суд Скопје 1 – Скопје денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од незаконско следење на комуникации (СЈО) од судија на претходна постапка побарало да се издаде наредба за одземање документација од Централниот регистар на РМ и оти наредба за претрес не е побарана.
Издадената наредба за одземање документација која е побарана од страна на СЈО во овој случај како и во повеќе предмети претходно покажува дека Основен суд Скопје 1 - Скопје соработува и има позитивен пристап кон работата на СЈО во извршувањето на нивната законска надлежност и овластувања наспроти јавно пласираните информации дека ова Обвинителство се соочува со најголем отпор токму со овој суд како што и тие самите наведуваат во нивниот извештај, се вели во соопштението.
Во однос на прашањата каква е постапката во случај ако од Судот се побара наредба за претрес, Основен суд Скопје 1 соопштува дека „тоа е дел од мерки за обезбедување лица и предмети од Законот за кривично правоодносно од чл.181 до чл.192, каде согласно чл.186 по поднесено барање за издавање наредба за претрес, судијата одлучува веднаш, најдоцна 12 часа од приемот на барањето“. Претресот, појаснува Судот, се извршува под посебни правила утврдени со закон, а во време утврдено во чл.190 од ЗКП.
Од Основниот суд Скопје 1 - Скопје соопштуваат дека нема да ја коментираат вчерашната акција на СЈО и, како што наведуваат, „нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО“.
- Судот во секој случај ќе ги почитува Уставот и законите на Република Македонија во секое негово постапување согласно неговата надлежност, наведува во соопштението Основен суд Скопје 1 - Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа