МЕПСО упати апел: Земјоделците да внимаваат при поставувањето системи за наводнување

Во екот на сезоната за наводнување земјоделците да внимаваат на далекуводите, препорачуваат од Македонскиот електро-преносен систем оператор - АД МЕПСО.

Портпаролот на АД МЕПСО Никола Стојанов при денешната посета на светниколските села Ерџелија и Мустафино истакна дека земјоделците при поставувањето на цевководите и системите за распрскување во близина на трасите на далекуводните мрежи треба посебно да внимаваат, бидејќи секое невнимание може да биде кобно по нивните животи, а претставува и опасност за преносниот електро-енергетски систем.

- Земјоделците треба да направат проценка на правецот на ветерот и на висината на млазот на водата со која ги наводнуваат своите парцели. Со подигањето на цевките себеси се изложуваат на опасност и тоа може да биде кобно по нивните животи, рече Стојанов.

Стојанов, исто така, апелираше земјоделците по завршувањето на жетвата на јачменот и пченицата да не ги палат стрништата во близина на далекуводите

најчитано сега