Могерини: Европа да не се дели на „ние христијаните“ и „тие муслиманите“

 

 Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини предупреди дека сериозна грешка ќе претставува доколку Европа се дели на „ние, христијаните и тие Арапите, муслиманите, терористите“, бидејќи тоа е спротивно на европските идеи за сожителство.

Могерини ова го изјави во денеска објавеното интервју за весникот „Република“.

- Доколку почнеме да ги исполнуваме концептите, ние Европејците и христијаните и тие Арапите, муслиманите, терористите, едноставно ќе ја потхрануваме реториката на оние, ки сакаат да покажат дека соживотот е невозможен. Една од основите европските вредности е можноста сите да живееме и работиме заедно, без разлика на националноста, вероисповеста и културата. Нашата сила е мошне разнолика, тоа е влог за мирот и благосостојбата, рече Могерини. 

Таа призна дека проблемот со тероризмот во Европа не е само внатрешен.

- Секоја ситуација, во која се создава вакуум во власта е мошне поволна за терористите, Се надеваме дека таа трагедија (терористичките напади во Брисел) ќе даде поттик за решавање на сириската криза и дека поради неа нема да биде дозволен катастрофален развој на случувањата во Либија, нагласи таа.

Могерини нагласи дека справувањето со тероризмот може да се случи единствено преку заедничка европска стратегија

 
 
24.03.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега