Се тркал со друг автомобил па усмртил мајка со мали дечиња

Трагедија ја потресе Филаделфија. Младо момче се тркало на улица со друг автомобил па усмртило мајка со нејзините три деца.

Американката Самара Банкс со своите четири синови се враќала од посета на својата баба. Во моментот кога се обиделе да ја преминат улицата, со автомобил ги удрил 22 годишниот возач кој се тркал со друг автомобил. За жал, само едно од децата успеало да ја преживее несреќата, додека другите заедно со мајката го загубиле животот.

Мајката полицијата ја нашла на 60 метри од местото на несреќата заедно со  синот кој има неполни две години, Шон Вилијамс. Од друга страна,  девет месечното бебе и  четири годишниот син починале во болница.

ФОТО: Евести