Грешка која спаси животи: Спречена поголема трагедија во Брисел - еве како

 

Мешаница која настанала поради такси диспечерот кој барал такси да ги превезува терористите кои сееја крв и страв во Белгија, спречи поголема трагедија и нов напад. Според најновите информации на светските медиуми, тој по грешка пратил такси наместо комбе какво што побарале монструмите кои убија 31 лице, а ранија повеќе од 200.

Ibrahim El Bakraoui, како и двајца други мажи со него кои се сомничат дека ги носеле експлозивите на аеродромот, нарачале такси, но од диспечерот побарале комбенце бидејќи се повеќе луѓе со багаж. Кога пристигнал обичен автомобил сфатиле дека нема место за сите, па терористот со четвртата бомба која требала да ја предизвика четвртата експлозија, останал на улица и не стигнал до посакуваната цел.

Инаку, две лица се разнесоа на аеродромот во Брисел, а потоа одекна уште една експлозија на метро станицата. Полциијата го фати и третиот осомничен, а сега се трага по останатите терористи.

 
 
24.03.2016 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега