Седници на три собраниски комисии во македонското Собрание

 

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет. 

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да расправа за Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за период од 15.09.2015 до 15.03.2016). Одржувањето на три седници на Комисијата беше одложено поради неприсуството на Јанева на седницата. На дневен ред на Комисијата е и Извештајот на Комисијата по Предлог-законот за нотаријатот.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-законот за изменување на Законот за персоналниот данок на доход во прво читање.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за персоналниот данок на доход во прво читање и Предлог-законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, двата во прво читање, како и по Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход. 

 
 
24.03.2016 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега