Четвртата група дечиња од социјално загрозени семејства замина на одмор во Струга

Преку владината програма за бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства, денеска од Прилеп во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга замина четвртата група со дечиња.

Се работи за група од 19 деца од петто до осмо одделение.

- Со ова продолжува да се ефектуира владината програма за бесплатно летување за децата од социјално ранливите категории. Опфатени се децата од семејствата кои примаат каков било социјален надомест, рече Снежана Јованоска, директор на Центарот за социјални работи од Прилеп.

Во првата и втората смена на летување во одморалиштето „Пелистер“ заминаа 70 прилепски деца, а од 25 јули ќе летуваат уште 32 ученици од Прилеп.

ФОТО: МИА

најчитано сега